Mücahit Oktay
29 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД), од последици на заразувањето со новиот тип коронавирус (Ковид-19), животот го загубија 1.056 лица, вкупно 233.157 од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, објави дека во последните 24 часа детектирани се 84.059 новозаразени, со што вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 9.123.229.
Само во последните 24 часа регистрирани се 1.056 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупниот број на починати се зголеми на 233.157.
Во САД досега оздравеа 5.934.098 лица, додека вкупниот број на извршени тестирања надмина 140 милиони.
Најголем број на случаи на заразување се детектирани во американската сојузна држава Тексас, вкупно 934.813. Следуваат Калифорнија со 920.805 и Флорида со 790.426.
Според бројот на смртни случаи, на прво место е државата Њујорк со 33.621 починат.
САД се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот, зад која следуваат Индија со 8.041.051 и Бразил со 5.469.755 позитивни лица на Ковид-19.