Şerife Çetin
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Првиот случај на заразен со новиот вид коронавирус, Ковид-19, е откриен во Европската агенција за одбрана (EDA) во Брисел, институција на Европската Унија (ЕУ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Европската агенција за одбрана се истакнува дека кај едно лице од персоналот е откриен коронавирусот Ковид-19 и дека од саботата навечер пациентот е ставен под карантин.
Исто така, во соопштението се вели дека откако е дијагностицирана болеста, лицето не доаѓало на работа и дека лицата кои биле во контакт со него се под 14-дневен карантин.
Се наведува дека состаноците кои се планирани да се одржат во зградата на ЕДА се откажани и дека зградата е дезинфицирана.
„Лицето кај кое е идентификуван коронавирусот неодамна било во Милано, Италија“, се истакнува во соопштението и се додава дека ЕДА внимателно ќе ја следи ситуацијата.
Од друга страна, Европскиот парламент (ЕП) соопшти дека повеќе од 100 настани се откажани во рамките на преземените мерки против Ковид-19 и дека на членовите на ЕП кои неодамна ги посетиле земјите погодени од коронавирусот ќе им биде забранет влез во зградата на Парламентот 14 дена од нивното доаѓање.
Во Белгија, која е домаќин на институциите на НАТО и ЕУ, бројот на случаи со Ковид-19 достигна до 25.