Barış Seçkin
22 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
РИМ (АА) - Клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Милан, соопшти дека Паоло Малдини, кој е дел од техничката делегација на клубот, како и неговиот син Даниел Малдини, кој игра за младинскиот тим на клубот, се позитивни на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на овој клуб, легендарниот фудбалер Паоло Малдини потврдил дека имал контакт со лице кое имало симптоми на овој вирус и дека извршеното тестирање резултирало позитивно.
Се вели дека исто така и тестирањето на синот на Паоло Малдини, Даниел Малдини, резултирало позитивно.
Во соопштението се нагласува дека двајцата се наоѓаат во добра состојба и дека се изолирани две недели и немаат контакт со никого.