Muhammet Nazım Taşcı
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
АНКАРА
Во јужноамериканската држава Мексико од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус во последните 24 часа животот го загубија 501 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа бројот на починати од заразеност со Ковид-19 е зголемен за 501 лице и изнесува 8.134.
Во истиот период бројот на лица позитивни на вирусот е зголемен за 3.455 лица и достигна бројка од 74.560.
Ова е најголема бројка на смртни случаи во еден ден во Мексико предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), за првпат надминувајќи ја бројката од 500 починати.
Првиот случај на заразеност со Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, а првиот смртен случај како последица на заразеност со вирусот е регистриран на 19 март.