Zehra Ulucak
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Мексико, во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 151 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, бројот на заразени со Ковид-19 во земјата се зголемил за 3.152 во последното деноноќие, со што вкупната бројка се искачила на 90.664.
Бројот на починати од Ковид-19 во земјата порасна на 9.930, со зголемување од 151 во последните 24 часа.
На 27 мај во Мексико за првпат беа регистрирани повеќе од 500 смртни случаи од вирусот во текот на 24 часа.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај поврзан со вирусот беше на 19 март.