Yusuf Özcan
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ПАРИЗ (AA) - Околу 600 француски војници позитивни се на коронавирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Флоренс Парли, министерка за одбрана на Франција, оваа информација ја потврди наведувајќи дека ја следат состојбата на заболените војници.
Како што рече, оваа ситуација нема да влијае на операциите на француската војска.
Од францускиот Генералштаб пред два дена е наведено дека Ковид-19 е регистриран кај четворица војници кои се на должност на подрачјето на Сахел, во рамките на француската операција Баркане
Тројца веќе се вратени во Франција. Од последиците на Ковид-19 во Франција починаа 6.507 лица, а заразени се 64.338.