Nuri Aydın
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
АНКАРА - Од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот се лекуваат повеќе од 4 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ која секодневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот објави дека во моментов бројот на активни случаи на заразеност изнесува 4.022.416.
Меѓу заразените со коронавирусот 3. 964.872 заболени се со полесни симптоми, додека 57.544 лица заразени со Ковид-19 се во животна опасност.
Зголемувањето на бројот на заболени кои се под лекарски третман го зголемува товарот врз здравствениот систем во земјите.
Во САД под болнички третман се наоѓаат 1.350.891 активем пациент заразен со Ковид-19, што ја прави земја со најголем број на активни пациенти. Следат Бразил со 515.386, Русија со 227.861, Индија со 197.840, Пакистан со 107.615, Перу 103.767, Бангладеш со 75.680, Мексико со 61.29, Франција со 57.807, Јужноафриканска Република со 56.190, Саудиска Арабија со 52.632, Колумбија со 44.596, Египет со 42.259, Чиле со 34.861, Белгија со 35.457, Аргентина со 32.874, Иран 29.633, Канада со 28.575, Индонезија со 27.411, Филипини со 23.677, Еквадор со 22.957, Украина со 21.732, Ирак со 20.775 и Боливија со 20.252.
- Во Турција се намалува бројот на заразени
Бројката на лица во Турција кои се лекувале од коронавирусот, почнувајќи од 24 април ја премина бројката на заразени и е во постојан пад. Додека на 24 парил бројката на лица кои се лекувале од коронавирусот изнесуваше 80.575, заклучно со 3 јуни таа се намали на 30.961.
На 26 јуни бројката на активни случаи на Ковид-19 во Турција изнесува 22.248. Меѓу пациентите 963 се наоѓаат во одделенијата за интензивна нега, а 382 се поврзани на респираторни апарати.
Бројката на лица кои се лекувале од Ковид-19 во светот на 7 април надмина 1 милион, на 18 април 1,5 милиони, на 30 април 2 милиони, на 14 мај 2,5 милиони, на 30 мај 3 милиони, на 17 јуни 3,5 милиони.
Од појавата на новиот тип на коронавирус во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, Ковид-19 се разиши во повеќе од 200 земји и региони од светот, преминувајќи во пандемија. Бројката на лица позитивни на коронавирусот надмина 9 милиони, а повеќе од 494 илајди заразени ги загубија животите.