Ali Cura
04 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
МОСКВА
Во Русија се детектирани над 441 илјада лица позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека од заразеност со вирусот починаа 5.384, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенции од инфекции на коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа во земјата животот го загубиле 169 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 5.384, додека оздравеле 8.666 лица кои биле позитивни на вирусот, со што вкупната бројка на оздравени изнесува 204.623.
Во последното деноноќие Ковид-19 е детектиран кај 8.831 лице, со што вкупниот број на лица кај кои е детектиран вирусот се искачи на 441.108.
Центарот информира дека зголемувањето на бројот на детектирани лица позитивни на вирусот на дневно ниво изнесува 2%, при што кај 38,2% од новодетектираните не се забележани симптоми.
Во последните 24 часа во Москва детектирани се 1.998 лица позитивни на тестот, кои вкупниот број на заразени во главниот град го зголемија на 189.214. Во истиот период регистрирани се нови 64 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во Москва се искачи на 2.749.
Досега во главниот град на Русија оздравеа 94.715 лица позитивни на Ковид-19.
- Во текот на изминатиот ден направени се 307 илјади тестови
Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите во Русија објави дека во последните 24 часа се извршени 307.000 тестирања на Ковид-19, со што вкупниот број на тестирања во земјата се искачил на 11.700.000.
Во соопштението се наведува дека 313.000 лица се наоѓаат под надзор.