Can Erözden
18 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
АНКАРА (АА) - Новиот тип на коронавирус го погоди и НБА-тимот, при што четворица играчи на Бруклин Нетс, вклучувајќи ја американската кошаркарска суперѕвезда Кевин Дурант (31), се позитивни на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тој е позитивен на тестот, но се чувствува добро и нема покажано симптоми“, напиша Атлетик (The Athletic) на нивната веб-страница, откако Дурант им ја потврдил информацијата.
„Сите бидете внимателни, грижете се за себе и самоизолирајте се. Ќе го пребродиме ова“, напишаа Нетс.
Источната конференција на НБА на својот твитер-профил објави дека четворица играчи се позитивни на вирусот и дека сите други од нив се изолирани и згрижени од лекарите на Нетс.
Во светот со коронавирус се заразени повеќе од 198.000 лица. Од последиците на заразата починаа најмалку 7.990, а излекувани се 82.779 лица.