Ayhan Şimşek
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
БЕРЛИН (АА) - Резултатите од вториот тест за коронавирус на германската канцеларка Ангела Меркел се негативни, соопшти денес нејзиниот портпарол, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Штефан Зиберт за германската новинска агенција ДПА изјави дека Меркел ќе продолжи да работи од дома и ќе направи уште еден тест на почетокот на следната недела.
Германската канцеларка во неделата влезе во самоизолација поради претходен контакт со доктор, кој потоа се установи дека е позитивен на коронавирусот.
Во понеделникот, таа учествуваше на седмичниот состанок на нејзиниот Кабинет преку телефон.
Зиберт истакна дека Меркел ќе продолжи да ги извршува своите службени должности од својот дом.