Muhammed Boztepe
12 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Турски воен авион што носи медицинска помош за Северна Македонија и Албанија, земји погодени од епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), полета од Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).
Продолжува испраќањето медицинска помош од Турција за земјите што се погодени од епидемијата.
По инструкциите на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција, за поддршка во борбата против Ковид-19, за Северна Македонија испрати 75 илјади хируршки маски, 10 илјади ракавици, 10 илјади заштитни комбинезони, 2 илјади заштитни очила, 2 илјади „N149“ маски, додека за Албанија 75 илјади хируршки маски, 4 илјади ракавици, 2 илјади заштитни комбинезони и 2 илјади заштитни очила.
Медицинските материјали што ги подготви турската Црвена полумесечина „Кизилај“ беа натоварени во авион на Турските вооружени сили (ТСК) на воениот аеродром „Етимесгут“, кој потоа полета за Албанија и Северна Македонија.
- „Земјите што бараат помош ѝ се заблагодаруваат на Турција“ -
Ибрахим Алтан, генералниот директор на турската Црвена полумесечина „Кизилај“, во изјавата за медиумите рече дека покрај Северна Македонија и Албанија, медицинска помош е испратена и за Доминиканската Република, Хаити, Полска и Молдавија.
Алтан, наведувајќи дека како турска Црвена полумесечина „Кизилај“ досега е испратена медицинска помош за 17 земји, рече: „Ќе продолжиме да испраќаме помош. Со помош на нашиот народ, Турција ќе продолжи да помага низ целиот свет. Земјите што бараат помош ѝ се заблагодаруваат на Турција.“