Saadet Firdevs Aparı
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА
Новата Омикрон варијанта на коронавирусот продолжува брзо да се шири низ светот, во бројни земји кои ги пријавуваат новите случаи на зараза со оваа загрижувачка варијанта, објави Светската здравствена организација (СЗО), јавува Агенција Анадолија (АА).
Новата варијанта на Ковид-19, за првпат забележана на 25 ноември во Јужноафиканска Репбулика, се шири побрзо во споредба со делта-варијантата, дури и во земјите со високо ниво на имунитет кој е постигнат преку вакцинација, се наведува во неделниот извештај на СЗО за Ковид-19 објавен во понеделникот.
Според податоците од извештајот, случаите на зараза со Омикрон се откриени во вкупно 106 земји досега.
Според германската компанија „Статистика“, Велика Британија со регистрира 2.957 случаи на Омикрон е земја со најголем број случаи на новозаразени со оваа варијанта заклучно со четвртокот, по која следат Јужноафриканска Република со 1.000 случаи и Соединетите Американски Држави со 321 случај.
Меѓу другите европски земји, во Данска се регистрирани 213 случаи на Омикрон, во Швајцарија 124, а во Белгија 121 случај на оваа варијанта на коронавирус.
Смртните случаи предизвикани од оваа варијанта пријавени се само во Израел, САД и Велика Британија, покрај тоа што помина еден месец откако вирусот беше првично откриен.
Од декември 2019 година, пандемијата одзеде преку 5,37 милиони животи во најмалку 192 земји и региони, со повеќе од 276,3 милиони случаи пријавени низ светот, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.