Betül Yürük
25 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, истакна дека коронавирусот му се заканува на целото човештво и дека индивидуалната борба на државите нема да биде доволна, поради што целиот свет треба заеднички да се бори против вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Потсетувајќи дека дури и богатите земји со силни здравствени системи се под притисок поради вирусот, Гутереш рече дека Ковид-19 допрел и до земјите кои се борат со хуманитарни кризи предизвикани од војни, природни катастрофи и климатски промени.
Тој наведе дека жителите на тие земји тешко имаат пристап до чиста вода и сапун, и предупреди дека уште потешко ќе стигнат до легла и респиратори во случај на критична состојба.
„Денес започнуваме глобален план за хуманитарна помош вреден 2 милијарди долари за поддршка на борбата против појавата на Ковид-19 во најсиромашните земји во светот“, рече Гутереш и ги повика владите да го поддржат глобалниот план за помош.