Ahmet Furkan Mercan
11 Јули 2020•Ажурирано: 12 Јули 2020
ТОКИО (АА) – Тамаки Дени, гувернерот на јапонската пефектура Окинава, соопшти дека се откриени голем број на случаи со Ковид-19 во базите на Соединетите Американски Држави (САД) во државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на прес-конференцијата на оваа тема, гувернерот Тамаки изјави дека до него стигнал извештајот што го подготвиле американските сили за случаите на Ковид-19 во воените бази.
Изјавувајќи дека бил шокиран кога го видел бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во американските бази во Окинава, Тамаки рече дека нема да објави бројки туку ќе го користи зборот „многу“.
„Навистина е жално што за кратко време достигнавме волкав број случаи. Имаме сериозни сомнежи за мерките преземени во врска со вирусот од страна на американските трупи во базите“, нагласи Тамаки.
До денес, во случаите пријавени од Окинава не се вклучени бројките од американските воздухопловни бази во Кадена, Футенма, Хансен и Мектуреус.
На Окинава, остров лоциран во југозападна Јапонија, досега се идентификувани вкупно 148 случаи на Ковид-19.