Davut Demircan
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА
Повеќе од половина милион луѓе низ светот оздравеа откако се заразија со новиот вид коронавирус (Ковид-19), покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците, најмногу оздравени од Ковид-19 има во Кина, 78.282.
Останатите земји во кои е забележан голем број оздравени се: Германија (72.600), Шпанија (70.853), САД (49.966), Иран (49.933), Италија (37.130), Франција (29.121), Швајцарија (14.700), Бразил (14.026), Канада (8.235), Австрија (8.098), потоа Северна Кореја (7.616) и Турција (4.799).
Откако се појави во кинески Вухан, во декември минатата година, Ковид-19 се прошири во речиси сите земји од светот.
Податоците покажуваат дека речиси два милиони луѓе низ светот се заразени, додека бројот на починати достигнал 127.600.