Muhammed Emin Canik
10 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Привремената претседателка на Боливија, Жанин Анез, која на оваа функција дојде по оставката на поранешниот претседател Ево Моралес кој поднесе оставка по притисоците на војската и опозицијата, соопшти дека е заразена со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Анез во видеото кое го објави на Твитер нагласи дека откако повеќемина од нејзиниот тим биле заразени со овој вирус, направила тест за Ковид-19, при што добила позитивен резултат на коронавирусот.
Истакнувајќи дека се чувствува добро, Анез рече дека ќе биде во 14-дневен карантин и дека потоа повторно ќе направи тест.
Инаку, Анез порано беше потпретседателка на Парламентот на сенатори кој е горниот дом на Мултинационалното законодавно собрание на Боливија (АЛП), додека по оставката на Морелес беше прогласена за привремена претседателка на државата.
Моралес на првиот круг ги победи спорните избори одржани на 20 октомври во Боливија, додека на 10 ноември поднесе оставка од оваа функција како резултат на протестите на опозицијата, бунтот на полицијата, и со апел на Војската.
По својата оставка, Моралес како политички бегалец отиде во Мексико, а оттаму во Аргентина.