Emre Gürkan Abay,Ali Cura
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти дека во Русија е регистрирана и втората вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин на состанокот со властите, на кој учествуваше преку видеоконференција, даде информации во врска со студиите за вакцините за Ковид-19.
Истакнувајќи дека денес добиле добри вести во однос на студиите за вакцините во Русија, Путин рече: „Центарот за истражувања „Вектор“ во Новосибирск денес ја регистрираше вакцината наречена „ЕпиВакКорона“ развиена против коронавирусот.“
Првата руска вакцина за Ковид-19 развиена од Институтот за истражување „Гамалеја“ е регистрирана на 11 август.
- Русија ги зголемува меѓународните летови -
Од друга страна, Русија повторно започна со некои меѓународни летови коишто ги откажа поради епидемијата на Ковид-19.
Со одлука на рускиот премиер, Михаил Мишустин, повторно ќе започнат со меѓусебни летови кон Србија, Куба и Јапонија.
Исто така, соопштено е дека бројот на летови од Русија кон Белорусија, Швајцарија, Обединетите Арапски Емирати и Малдивите е зголемен.