Ali Cura
18 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, вкупниот број на заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, се зголеми на 290.678, а вкупниот број на починати на 2.722, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот центар за контрола и превенција од Ковид-19 соопшти дека во последните 24 часа бројот на случаи со Ковид-19 е зголемен за 8.926, со што вкупниот број достигна 290.678.
Од 1 мај, за првпат бројот на заразени за време на последните 24 часа се намали под 9.000.
Вкупниот број на починати во последните 24 часа се зголеми за 91, со што бројот на смртни случаи се искачи на 2.722.
Во последните 24 часа, билансот на излекувани се зголеми за 2.722, со што вкупната бројка достигна 70.209.
Во соопштението се наведува дека 40,2 отсто новозаразени не покажуваат симптоми, и дека просекот на растот на бројот на заразени од 3,6 отсто е намален на 3,3 отсто.
Епицентарот на Ковид-19 во Русија е Москва, каде што се заразени 146.062 лица, додека како последица на вирусот Ковид-19 починаа 1.580 лица, со зголемување од 77 во последното деноноќие.
Во Москва вирусот Ковид-19 го победија вкупно 28.913 лица.
Во соопштението се наведува дека речиси 264.000 лица се наоѓаат под здравствен надзор, и дека досега направени се повеќе од 7.100.000 тестирања за коронавирусот. Во последните 24 часа направени се 230.000 теста за Ковид-19.
Според интернет-страницата „Worldmeter“, Русија по бројот на заразени со Ковид-19 се наоѓа на второто место по САД.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека на 19 март е забележан првиот смртен случај предизвикан од вирусот.
Со Ковид-19 се заразени и неколкумина високи руски официјални претставници, меѓу кои и портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, и премиерот Михаил Мишустин.