Büşra Nur Bilgiç Çakmak
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Во Русија во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 566 смртни случаи од последици предизвикани од Ковид-19, што е повеќе од 531 случај кои беа пријавени во текот на вчерашниот ден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на починати од последиците на вирусот во земјата сега изнесува 63.370 лица.
Околу 22.850 нови случаи на вирусот се регистрирани во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на заразени лица надмина 3,47 милиони.
Бројот на оздравени се зголеми за 28.658 лица, достигнувајќи вкупно 2,85 милиони од почетокот на епидемијата во земјата.
Во вторникот, Русија ги продолжи ограничувањата за патувања од и во Велика Британија до 1 февруари, каде што се појави новата варијанта на коронавирусот и предизвика големо зголемување на бројот на заразени.
Русија ја одобри својата вакцина Спутник V кон крајот на минатиот месец и досега вакцинира над 800.000 лица како дел од тековната програма за имунизација.