Kasım İleri
13 Јуни 2020•Ажурирај: 14 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 784 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 116.847 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 28.790 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.117.991.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 784 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 116.847.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 829.902 откриени случаи, Русија со 520.129 откриени случаи, и Индија со 310.131 откриен случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се 402.914 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.824 лица.
Во САД досега се направени речиси 24 милиони тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 842.000.