Kasım İleri
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа почина 691 лице од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 117.538 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 25.186 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 2.143.177.
Од Ковид-19 во САД почина уште 691 лице со што вкупната бројка на починати се искачи на 117.538.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 851.321 откриенн случај, Русија со 528.964 откриени случаи, и Индија со 322.777 откриен случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се 403.809 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.874 лица.
Во САД досега се направени над 24 милиони тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 854.000.