Safvan Allahverdi
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 698 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 137.418 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 63.674 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 3.357.206.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 698 лицa со што вкупната бројка на починати се искачи на 137.418.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со 1.842.127 откриени случаи, Индија со 856.062 откриени случаи, и Русија со 727.162 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Калифорнија и Тексас.
Во Њујорк откриени се 426.807 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.393 лица.
Во САД досега се направени над 41 милиони и 792 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1 милион и 490 илјади.