Hakan Çopur
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ВАШИНГТОН
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.993 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 51.956 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според последните податоци објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 36.192 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 905.364.
Во последните 24 часа починале уште 1.993 лицa, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 51.956 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 219.764 откриени случаи, Италија со 192.994 откриени случаи и Франција со 159.952 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс. Во Њујорк откриени се 278.445 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 21.264 лица.
Во САД досега се извршени 4 милиони 940 илјади и 376 тестирања за Ковид-19, додека бројката на излекувани лица од оваа болест достигна речиси 100.000. Моментално 124.414 лица се лекуваат во болници.