Zehra Ulucak,Mehmet Şah Yılmaz
06 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Со новиот тип коронавирус, што изби во кинескиот град Вухан, во светот се заразени повеќе од 35,7 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците достапни на „Worldometer“, интернет-страницата на која се објавени информациите за епидемиолошката слика во светот, покажуваат дека од последиците на Ковид-19 на глобално ниво починале 1.046.079 лица.
Бројот на заразени е зголемен на 35.709.955, додека од вирусот се излекуваа 26.878.379 лица.
Активни се 7.785.497 случаи на заразување.
Најмногу заразени и смртни случаи се потврдени во САД, каде што вирусот е потврден кај 7.679.644 лица, а од последиците на болеста починаа 215.032.
Останатите земји со повеќе од 300.000 заразени се: Индија (6.685.082), Бразил (4.940.499), Русија (1.225.889), Колумбија (862.158), Шпанија (852.838), Перу (829.999), Аргентина (809.728), Мексико (761.665), Јужноафриканската Република (682.215), Франција (624.274), Велика Британија (515.571), Иран (475.674), Чиле (471.746), Ирак (382.949), Бангладеш (370.132), Саудиска Арабија (336.766) Италија (327.586), Турција (326.046), Филипини (324.762), Пакистан (315.727), Индонезија (307.120) и Германија (304.657).
Земјите, покрај САД, во кои се регистрирани повеќе од 10.000 смртни случаи поврзани со вирусот се: Бразил (146.773), Индија (103.600), Мексико (79.088), Велика Британија (42.369), Италија (36.002), Перу (32.834), Франција (32.299), Шпанија (32.225), Иран (27.192), Колумбија (26.844), Русија (21.475), Аргентина (21.468), Јужноафриканска Република (17.016), Чиле (13.037), Еквадор (13.037), Индонезија (11.253) и Белгија (10.078).