Jeyhun Aliyev, Zehra Nur Düz
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ШАНЛИУРФА (АА) - Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, денеска изјави дека домашно развиената турска вакцина против коронавирусот, „Турковак“, е одобрена за итна употреба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот присуствуваше на пуштањето во сериско производство на инактивната турска вакцина „Турковак“ во комплексот на Индустриската зона во Шанлиурфа, а на настанот преку видеоконференција се вклучи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Од денеска станавме една од деветте земји што произведуваат вакцини против Ковид-19“, изјави Коџа.
„„Турковак“ ќе биде во широка употреба од следната недела“, порача турскиот министер за здравство.
Уште од почетокот на развојот на вакцината, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ја направи достапна на глобално ниво, велејќи дека таа ќе биде во корист на целото човештво.
„Нашата вакцина против Ковид-19, „Турковак“, која дојде во фаза на производство и употреба со добивањето на потребните одобренија, е симбол на нашите напори да ја заштитиме нашата нација од пандемијата на најефикасен начин“, рече Ердоган.