Fahri Aksüt,Dilara Hamit
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека вкупниот број на излекувани пациенти од Ковид-19 во Турција изнесува 68.166, со што 5.015 пациенти се излекувани во последните 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА)
„Бројот на починати од пандемијата на Ковид-19 во Турција се искачи на 3.461, при што во последните 24 часа починаа 64 лица“, напиша Коџа на Твитер.
„Во земјата се регистрирани 1.614 нови случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 127.659“, додаде тој.
Во меѓувреме, над 35.771 тестови се направени во последните 24 часа, со што вкупниот број на направени тестови до сега изнесува 1,17 милиони.
Ковид-19 се прошири во 200 земји и региони, откако за првпат беше забележан во кинескиот град Вухан минатата година. Во моментов САД и Европа се епицентри на заразата.
Пандемијата во светот досега зеде над 248.000 животи, додека бројот на дијагностицирани случаи со вирусот надмина 3.52 милиони, а повеќе од еден милион заболени оздравеа.