Erdoğan Çağatay Zontur
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
АНКАРА
Во Турција во последните 24 часа починаа 126 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 1.769, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес конференција по состанокот на Научниот совет во врска со коронавирусот, нагласи дека откриени се 4.353 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на случаи во земјата се зголеми на 78.546.
Коџа информира дека досега 8.631 пациент е излекуван од овој вирус.
Турскиот министер рече дека во последните 24 часа биле извршени 40.270 тестирања, додека вкупниот број на извршени тестирања во земјата изнесува 558.413.
Коџа рече дека моментално 1.845 пациенти се наоѓаат во интензивна нега.