Ferdi Türkten
28 Март 2020•Ажурирај: 29 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, ги соопшти денешните информации во врска со пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Коџа информациите ги соопшти преку својот Твитер профил.
Тој нагласи дека како резултат на Ковид-19 во Турција починале вкупно 108 лица, додека откриени се вкупно 7.402 случаи.
„Вкупниот број на тестирања: 55.464. Вкупниот број на случаи: 7.402. Вкупниот број на починати: 108. Вкупниот број на пациенти кои се наоѓаат во интензивна нега: 445“, напиша Коџа.
Турскиот министер информираше дека во земјата излекувани се вкупно 70 лица.
„Бројот на тестирањата извршени денес: 7.641. Бројот на случаи откриени денес: 1.704. Бројот на лица кои починаа денес: 16“, додаде турскиот министер Коџа.