Muhammet Emin Avundukluoğlu
15 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во екот на борбата против коронавирусот, турскиот Парламент усвои Предлог-закон за заштита од насилство на оние кои се на првите фронтални линии во таа борба, здравствените работници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Законот ги зголемува казните за насилство врз здравствените работници.
Според законот, казните за закана, навреда, нанесување повреда или спречување здравствените работници да ги извршуваат своите должности се зголемени за 50 отсто.
Турскиот петседател Реџеп Таип Ердоган на почетокот од месецот истакна дека во Турција со коронавирусот се борат речиси половина милион медицински лица и 360.000 придружен персонал за поддршка.
Министерството за здравство на Турција соопшти дека во последните 24 часа откриени се 4.281 нов случај на Ковид-19, починале 115 лица, вкупниот број на случаи е зголемен на 69.392, додека вкупниот број на смртни случаи се искачи на 1.518.
Вирусот за првпат се појави во Кина минатиот декември, од каде што се прошири во најмалку 200 земји и региони, според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
Во светот се дијагностицирани над 2 милиони случаи на Ковид-19, а починати се над 130.000 лица. Повеќе од половина милион го победија вирусот.