Betül Yürük
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Обединетите нации соопштија дека новиот тип коронавирус Ковид-19 влијаел врз образованието на 290,5 милиони ученици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), поради коронавирусот затворени се училиштата во 13 земји.
Ерменија, Азербејџан, Бахреин, Кина, Северна Кореја, Иран, Ирак, Италија, Јапонија, Кувајт, Либан, Монголија и Обединетите Арапски Емирати се земјите каде што се затворени училиштата. Во овие земји нарушено е образованието на 290,5 милиони ученици.
Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азуле, предупреди: „За жал, привременото затворање на училиштата поради здравствени или други кризи не е ново, но ако нарушувањето продолжи, ќе го загрози правото на образование.“
УНЕСКО итно ќе свика седница на 10 март на ниво на министри за образование за да се разгледаат стратегиите, со цел да се обезбеди континуитет на образованието.
Повеќе од 80.000 луѓе се погодени низ светот од новиот тип коронавирус, кој првпат беше откриен на 12 декември 2019 година во Вухан, во кинеската провинција Хубеи. Коронавирусот многу бргу се рашири и во други земји. Повеќе од 3.000 луѓе починаа поради Ковид-19.