Yusuf Özcan
17 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 30.138 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Институтот за јавно здравје на Франција.
Потврдени се уште 534 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 207.142.
Исто така, во последните 24 часа починаа уште 18 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 30.138.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 6.796 лица, од кои 481 се наоѓа на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 216 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 79.036.