Yusuf Özcan
22 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.289 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 403 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 219.082.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 17.383 лицa, од кои 1.701 се наоѓаат во интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште 373 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 64.209.
Во последните 24 часа во болници починале 74 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.289.
Во соопштението не е споделена бројката на починатите во последните 24 часа во домовите за стари лица, додека се нагласува дека оваа бројка ќе се ажурира на 25 мај.