Şenhan Bolelli
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
МАДРИД (АА) - Во Шпанија починаа уште 324 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати се искачи на 1.326 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија преку соопштение нагласи дека е забележан голем раст во бројот на починати и откриени случаи во последните 24 часа.
Според соопштението, бројот на починати се искачи на 1.326, а на случаи, на 24.926 лица.
Најмногу починати има во Мадрид, каде што починаа 804 лица, а откриени се 8.921 случај.
Во градот нема доволно амбулантни возила, па затоа пациентите се транспортираат со општинските автобуси.
Персоналот во болниците се жали поради недостиг на медицински материјали за заштита на персоналот против вирусот.
Од друга страна, министерот за внатрешни работи на оваа земја, Фернандо Гранде Марласка, соопшти дека 157 полициски и жандармериски службеници се заразени со Ковид-19, а починаа двајца службеници.
Марласка нагласи дека во последните шест дена приведени се 315 лица поради прекршување на вонредната состојба, додека издадени се над 30.000 казни.
Се соопштува дека безбедносните сили уште повеќе ќе ги зголемат контролите.