Murat Özgür Güvendik
20 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
ЈОХАНЕСБУРГ (АА) - Претседателот на Јужноафриканската Република и американски милијардер вчера отворија нова фабрика за производство на вакцини во Кејп Таун, која се очекува годишно да произведува околу една милијарда дози на вакцини против Ковид-19 до 2025 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сирил Рамафоза и Патрик Сун-Шионг, роден во Јужноафриканската Република, ја пресекоа лентата на новата фабрика „НантСА“, која, исто така, ќе произведува и вакцини против рак и други фармацевтски производи.
Фабриката е трет погон за производство на вакцини во Јужна Африка, но ќе биде прва во Африка која целосно ќе произведува вакцини против Ковид-19 наместо да ги произведува од полуготови серии.
Јужноафриканската Република има најголем број заразени со коронавирусот на континентот.
Земјата досега има пријавено над 3,56 милиони случаи и над 93.571 смртен случај.