Admir Fazlagic
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје, во присуство на бројни личности од јавниот, академскиот и политичкиот живот се одржа промоцијата на збирката на поeзија насловена „Сарјечја" од авторот Харис Силајџиќ од Сараево, поранешен член на Претседателството на Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Промоторот на книгата, проф. д-р Ферид Мухиќ, во своето излагање рече дека на ова поетско дело треба да гледа како на материјал ко е непосредно животно искуство, како и дека не станува збор за дебатна, ниту полемична книга.
„Ова не е дебатна книга, не е полемична книга, дури и низ стиховите авторот не полемизира за политика, туку, всушност тој сето тоа го вади од контекст во кој политиката живее", рече Мухиќ.
„Всушност, 'Сарјечја' за мене е едно повеќекратно дело кое може и треба да се чита како автентично поетско дело,а тоа што авторот е политичар, тоа во книгата е само материја, односно, само основа од каде ги вади вистинитоста и свесноста, но и го гради светот на разбирањето, почитувањето и убавината", истакна Мухиќ во својот осрврт на збирката поезија.
Авторот на делото „Сарјечја" Харис Силајџиќ, изрази задоволство поради изразениот интерес за промоција на неговата збирка на песни, истакнувајќи дека таа зборува за времето во кое живееме, а потсети и дека со поезија се бави целиот свој живот, додека со политиката, како што рече, еден дел од животот. Тој наведе дека има многу политичари кои биле поети и книжевници.
„Ако зборуваме за политика, има многу политичари кои биле поети и книжевници. Во најдобрите времиња во Шпанија, Андалузија, не можеше да се замисли да на чело биде човек во најмала рака знае нешто за поезијата", истакна Силајџиќ, говорејќи дека во споредба со политиката, во поезијта се чувствува поприродно, како и дека во неговата поезија најчесто преовладуваат мотиви на состојбата на човекот, поезија која, како што вели тој ги преиспитува вредностите на современиот свет.
Модератор на вечерашната промоција беше новинарката Сабина Смајовиќ.
Издавач на збирката поезија „Сарјечја" е издавачката куќа Тугра од Сараево, а книгата за прв пат беше промовирана минатата година во март месец во Сараево.
- Биографија на авторот
Харис Силајџиќ е доктор на историски науки, работеше како професор на Филозофски факултет во Сараево и држеше предавање на универзитетите во светот, помеѓу другото беше и гостин предавач на Хардвард, како и на неколку американски факултети. Како член на Странка на демократска акција (СДА) ја извршуваше должноста на министер за надворешни работи во Владата на Босна и Херцеговина (1990-93) и премиер во Владата ба Република Босна и Хецеговина за време на војната. Од 06.11.2006 година до 10.11.2010 година ја извршуваше должноста на бошњачки клен на Претседателството на Босна и Херцеговина. Избран е за професор на Филозофски факултет во Сараево 1996 година, кратко предаваше и на Универзитетот Корнели во Њујорк 1998 година. Осивач е на Странката за Босна и Херцеговина.
Факултетот за арапски јазик и исламистика го заврши во Бенгази, а магистрираше и докторираше во Приштина. Живее во Сараево.