????? ??????????
10 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
ЗАГРЕБ (АА) - Во Загреб денеска беше отворен 38-миот Меѓународен саем на книгата и наставните помагала како и самемот Infogamer на кој ќе бидат промовирани најновите игри, хардвер игри и организирање на големи регионални "игри".
Орагнизаторот да привлече до 50.000 посетители, јавува Anadolu Agency (AA). Сајмовите кои ќе бидат отворени до 15 ноември, ги отвори хрватскиот министер за култура, Берислав Шипуш истакнувајќи дека читањето на книги не прави подобри, потолерантни и културни, учејки не да ги слушаме другите.
"На овој настан се радуваат сите, и верувам дека со нетрпение го очекуваат во текот на целата година", рече Шипуш.
Тој предупреди дека денес книгата е пред голем предизвик на финансиски опстанок, но, исто така, се соочуваат со прашањето за преживување на печатената книга во ерата на технолошките чуда.
"Ние сме соочени со загубата на дел од читателската јавноста, па дури и со некој вид на губиток на инетересот на младите за пишаниот збор. Од друга страна, ни доаѓаат вести од други земји, од Европската унија, дека се зголемува интересот за книгата ", рече Шипуш.
Годинава на Interliber ќе присуствуваат оваа година ќе учествуваат вкупно 266 изложувачи, а меѓу нив ќе бидат презентирани и издавачи од далечната Кина.