Stipe Mayiç
23 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
ЗАГРЕБ (AA) - Во загребското Градско собрание е отворена изложбата која е дел од меѓународната иницијатива „Моето парче за мир". Со изложбата децата ги повикуваат возрасните, во најголем дел светските лидери, да им помогнат да ја сменат сликата на светот, јавува nadolu Agency (AA).
На првиот дел од иницијативата „Моето парче за мир“, кој завршил на 11. април 2016 година, стаса преку 90 дела на учениците од 44 основни училишта од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Турција, Чешка и Романија.
Избрано е 31 дело кои денеска се изложени во Собранието на Градот Загреб, а изложбата ја отвори загребскиот градоначелник Милан Бандиќ.
За време на отворањето, покровителот на изложбата и градоначалникот Милан Бандиќ кратко порача:
„Мирот нема алтернатива, а слободата е посветла од злато!"
Од избраните дела обликувани се разгледници со пораки на деца кои со поддршка на Министерството за надворешни работи на Словенија испратија порака до светските лидери.
Пораките ги повикуваат претседателите на државите и меѓународните организации при донесувањето на одлуките да мислат пред се на децата и да им обезбедат сигурна и слободна иднина.
Оваа изложба најпрвин е претставена во Словенија, а по гостувањето во Загреб ќе биде поставена во градовите ширум Европа.
Активностите поврзани за оваа иницијатива насочени се кон јакнење на толерантно, отворено и мултикултурно општество, а ќе се одвиваат во 90 градинки, основни и средни училишта во рамките на петгодиштана програма „Предизвици на мултикултурниот соживот".