Zeynep Çelikkol
16 Февруари 2022•Ажурирај: 21 Февруари 2022
ИЗМИР
‒ Зејнеп ЧЕЛИККОЛ
Ентузијастите за автомобили, браќата Мурат и Селим Озѓоркеј, во 2015 година формираа музеј во кој главната колекција се состои од 79 автомобили и 40 мотоцикли мо местото Торбали во турската област Измир, пишува Агенција Анадолија (АА).
Музејот со својата колоритна декорација и црно-бел кариран под, ги пречекува посетителите љубители на класични автомобили во четири посебни сали на површина од 7.000 квадратни метри.
Посетителите во музејскиот простор, покрај автомобили од почетокот на 1900-тите до 60-тите години на минатиот век, можат да видат и бензиска пумпа со сета нејзина оригинална опрема, а најексклузивен дел е примерокот на „Бенц патент-моторваген“, произведен од Карл Бенц во 1885 година и кој се смета за првиот автомобил со мотор со внатрешно согорување во историјата.

Првите модели на брендовите БМВ, „Мерцедес-Бенц“, „Кадилак“, „Форд“ и „Порше“ претставуваат најпривлечни автомобили од музејската колекција.
Во музејот, кој своите посетители ги носи на патување низ времето, изложени се повеќе од 2.000 модели на автомобили и над 300 автомобилски маскоти и марами со автомобилска тематика.
Музејот кој е домаќин на љубителите на автомобилите од сите возрасти, минатата година го посетија 21.184 домашни и странски посетители, и покрај пандемијата на Ковид-19.

- „Можете да видите ретки автомобили“
Селен Пекел, специјалист за активности и кустос во музејот „Key Museum“ изјави дека форирањето на колекцијата започнало во 2001 и продолжува да се надградува.
Посочувајќи дека во музејот, покрај класични автомобили, изложени се и автомобили кои ретко се наоѓаат или се произведени во мал број, Пекел додаде: „Како некои од експонатите изложени во музејот се произведени по три или најмногу 100 автомобили. Во музејот имаме и модели на автомобили кои биле произведувани само шест години, а потоа фабриката била затворена“, рече Пекел.
Информирајќи дека меѓу експонатите изложени во музејот се наоѓаат првите произведени автомобили од голем број брендови, Пекел продолжи со зборовите:
„Покрај изложените 79 автомобили и 40 мотоцикли, во нашиот музеј има и 2.550 модели во различни размери. Првиот патентиран автомобил, најстариот автомобил во светот изложен во музејот потекнува од 1886 година, а нашиот најстар мотоцикл во музејот датира од 1885 година. Тоа е и првиот модел на мотоцикл во светот. Најнов експонат изложен во музејот е од 2020 година. Имаме многу широка палета на стари класични автомобили. По нашиот најстар автомобил кој е од 1886 година, следува моделот од 1903 година. Во музејот се изложени првите модели на автомобили на голем број брендови, а изложени се и последните модели на голем број брендови кои ги затворија производствените погони. Можете да видите голем број ретки модели на автомобили.“

‒ Најголемо внимание привлекуваат возилата користени во филмот за Бетмен
Зборувајќи дека во музејот се изложени и оригинали и реплики на некои од возилата користени во светските филмски хитови, Пекел рече:
„Децата покажуваат голем интерес, особено за автомобилите користени во филмските хитови. Постои идеална реплика на автомобилот користен во филмот за Бетмен од 1966 година. На конзолата од автомобилот има воден печат од потписите на актерите кои играле во филмот во 1966 година. Станува збор за ретка реплика. Изложен е и мотоциклот користен во филмот на Бетмен, наречен Бетцикл, од 1966 година. И тоа е оригиналниот мотоцикл користен во филмот. Тие се моделите кои го привлекуваат најголемото внимание.“
