Hilal Uştuk
18 Октомври 2016•Ажурирај: 19 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулскиот државен театар (ИДТ) со својата претстава „Спокој“, во периодот од 20 до 22 октомври ќе се претстави пред публиката во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го даде ИДТ, претставата којашто на 4. октомври за првпат беше одиграна на Студиската сцена во Ускудар, повикана е во Македонија да учествува на 5. Меѓународен театарски фестивал што ќе се одржи во Тетово.
Претставата „Спокој“, која Кенак Ишик ја адаптирал според истоимениот роман на писателот Ахмет Хамди Танпинар, на 20 октомври ќе биде одиграна во Тетово, додека на 22 октомври ќе биде поставена на сцената на Македонскиот народен театар.
Режисер на претставата е Нурулах Тунџер, и во неа учествува голема екипа составена од 16 артисти.
„Неколку часа пред започнувањето на Втората светска војна, Мумтаз излегува за да му ги донесе потребните лекарства на болниот братучед Ихсан, кој лежи в постела. Додека чекал да бидат подготвени лекарствата, влегол во една старинарница во која му се враќаат спомените од настаните во последната една година, сите лица што влијаеле на тие настани, и повторно во неговиот ум заживувват истите настани, со ист интензитет. Мумтаз, движејќи се меѓу јавето и сонот, повторно ги преиспитува љубовта, животот и смртта и започнува да го бара спокојот“, се вели краткото објаснување на претставата.