Vesna Besiç
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
КАИРО (AA) - Највисокиот човек на светот Султан Косен (35) од Турција и Јиоти Амге (24) од Индија, најниската девојка на светот, ги посетија египетските пирамиди и направија заеднички фотографии кои достигнаа популарност во светски рамки, Anadolu Agency (AA).
Султан Косен со своите 246 сантиметри, според Гинесовата книга на рекорди е највисокиот човек во светот, а Јиоти Амге е најниската девојка со своите 62 сантиметри.

Пирамидите во Гиза ги посетија на повик на египетското Министерство за култура и туризам. На овој начи пружија поддршка на египетскиот туризам.
Од Одборот за развој на египетскиот туризам соопштија дека највисокиот човек на светот прв пат е во посета на Египет, која ја започнал со посета на туристичките и историските места во Каиро.
Во негова придружба се наоѓаше и најниската девојка на светот Јиоти Амге. Човек од речиси 2,5 метри висина и девојка од 62 сантиметри заедно позираа пред пирамидите во Гиза.
Директорката на египетскиот Одбор Несрин Османли изјави дека посетата на највисокиот човек на светот и најниската девојка, ќе трае четири дена, при што тие ќе ги посетат пирамидите, тврдината во Каиро, плоштадот Тахрир како и знаменитостите кои се наоѓаат на овој плоштад.