Ajdin Aliji
03 Август 2025•Ажурирај: 06 Август 2025
СКОПЈЕ (AA) - Сместен во регионот Елзас, Франција, градот тврдина Неф-Бризах е извонреден пример за геометриска прецизност, со неговиот осмоаголен план видлив од воздух, јавува Анадолу.

Дизајниран во 17 век од Себастијан ле Престр де Вобан, воен архитект на кралот Луј XIV, градот е препознат како светско наследство на УНЕСКО и ја отсликува Вобановата идеја за „идеален град“.

Неф-Бризах има симетрични бастиони, повеќеслојни заштитни ѕидови и централна населба во форма на мрежа што формира тврдина во обликк на ѕвезда. Sидините, рововите и планот го нагласуваат инженерското мајсторство од тоа време.
Внимателно планираниот центар на градот, опкружен со фортификации, продолжува да ги привлекува љубителите на архитектурата, фотографите и ентузијастите од историјата од целиот свет.