Zülfiya Yakup
13 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
ПРИШТИНА (AA) - Со концерт на Мерџан Деде, светски познатиот Ди-џеј кој ја комбинира традиционалната и електронската музика, синоќа започна петтата манифестација на "Неделата на турскиот џез" на Косово, јавува Anadolu Agency.
Мерџан Деде е роден во Турција, а живее и работи во Монтреал, во Канада. Концертот е одржан во преполната спортска "Црвена сала" во Приштина.
"Недела на турскиот џез" оваа година по прв пат ја организаира турскиот Културен институт Јунус Емре во Приштина, чиј директор Рахман Адеми на отворањето изјави дека е задоволен што овој фестивал кој собира светски познати музичари, стана традиционален .
"Јунус Емре има за цел со овој фестивал да ја прикаже турската култура и музика, затоа на почетокот на "Неделата на турскиот џез" избравме одличен музичар како што е Мерџан Деде", рече Адеми.
Амбасадорката на Турција во Косово, Кивлиџим Килич изјави дека е горда што се наоѓа во убавиот амбиент со многубројните гости, меѓу кои се и министри, заменици министри, амбасадори акредитирани во Косово и многубројни љубители на музиката.
На Косовската публика во текот на петте дена од фестивалот ќе се претстават џез групи од Турција и САД. Денес во "Црвената сала" ќе настапи и познатиот пијанист Ајдин Есен, додека во четврток ќе настапи флаутистот Ерен Џошкунер ќе одржи концерт во музичкото училиште "Пренк Јакова" во Ѓаковица.
Во петок во Приштина во Хотелот "Swiss Diamond" концерт ќе одржи Баки Дујарлар кој свири на инструмент сличен на флаута, заедно со џез оркестарот, додека фестивалот ќе биде затворен со концертот на групата од Њујорк “New York Gypsy All Stars”. Групата ја сочинуваат музичари од Турција, Грција, Македонија и САД.
Петтата едиција на "Недела на турскиот џез" поддржана е од Амбасадата на Турција во Приштина, ТЕБ банка, "Тurkish Airlines", Косовско-турската стопанска комора и хотелот "Swiss Diamond".