Gorana Jakovljevic
01 Февруари 2023•Ажурирај: 02 Февруари 2023
ЏИЕЈАНГ (АА) - Во кинескиот град Џиејанг изведен е „Танц на огнениот змеј“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овој танц е дел од кинеското заштитено нематеријално културно наследство, а се организира по повод кинеската Нова година, односно Пролетниот фестивал.

Во претходните години, поради мерките против ширењето на коронавирусот, овој танц не беше организиран, но откако се укинати мерките, традицијата продолжува, па на манифестацијата присуствуваа голем број граѓани.
