АДИС АБЕБА (АА) - ТУФАН АКТАШ
Следбениците на Растафаријанското движење, кои во светот се познати по својата дредлокс (суканици) фризура и музика, во град илјадници километри оддалечен од местото на своето раѓање, уживаат во својот „утопистички“ животен стил.
Годинини наназад, Растафари следбениците од Јамајка, трчајќи по своето убедување, се сместиле во градот Шашаменија, во Етиопија, кој е оддалечен 255 километри од главниот град Адис Абеба. Тука, на нивната ветената земја живеат гордо, ослободени од „Вавилон“.
Денеска во светот има околу 1 милион следбеници на Растафаријанското движење. Активистот Маркус Гарви го бранел ставот дека е потребно црнците да се вратат во Африка. Според него, етиопскиот император Хајле Селаси е реинкарнација на христијанскиот бог, и го нарекуваат Џа. Името Растафара потекнува од зборовите Рас Тафара. Зборот Рас во Етиопија е еквивалент на Цар и од презимето на Селаси, Тафари. Лиж Тафари Маконен Волдемикаел е вистинското име на императорот Хајле Селеси.
Основна идеа на следбениците на ова верување кои од сите страни на светот се преселуваат во малото градче во Етиопија е ослободување од „Вавилон“, занданите во кои „белиот човек“ ги однел како робови.
За Растафарите, Етиопија е нивната ветена земја. Тие веруваат дека божјиот пратеник кога повторно ќе се врати на земјата, Африка ќе ја направи рај на Земјата.
Растафаријанското верување било инспирирано од христијанството и јудаизмот. Тие не јадат месо, не конзумираат алкохол и цигари, но се многу врзани со дрогата која ја нарекуваат ганџа (канабис).
Императотот на Етиопија Селаси во 1948 година го изгради градот Шашаменја на површина од околу 2.000 акри за сите оние кои сакаат да се вратат во Африка.
- „Ние сме на ветената земја“
Попот на црквата на Растафарите во Шашаменија, 68-годишниот Рас Бинге, со фотографии кои ги пополнуват ѕидовите, со тапани поставени пред црквата и голем број Раста знамиња во жолта црвена и зелена боја ги пречекува посетителите.
Попот Бинге, за идеологијата која ги носи луѓето во ова мало градче рече: „Ја следевме светлината на Џа (Господ). Спасувајќи се од страшниот Вавилон, се стекнавме со нашата слобода“.
Додека зборуваше, попод Бинге од една страна си виткаше ганџа. „Ова е црквата на Хајле Селеси, која се наоѓа на ветената земја“, рече Бинге.
- По 46 години во Њујорк доаѓа во Шашаменја
Жулијан Вајтлеј, следбеник на Раста од Јамајка, вели дека по 46 години живот во Њујорк, во 2000 година се доселил во Шашаменја
Движењето Растафари Вајтлеј го гледа како глобално движење против робството и неправдата која била вршена врз црнците. „Ослободувањето од Вавилон може да биде ефикасно само доколку црнците се вратат во Африка. Ветената земја е тука, во Етиопија“, зборуваше Вајтлеј.
За време на разговорот, возрасниот следбеник на Растафари кој од една страна не се откажуваше од слушањето на реге музика, од друга страна меѓу прстите продолжи да си игра со ганџа.
На прашањето зошто користат ганџа, Вајтлеј одговори: „Ганџата ја користиме за да можеме себеси да се издигнеме на највисокото духовно ниво, за да можеме да ги достигнеме најголемата мудрост и милост“.
- Со време населението се намалува
Со време се намалува бројот на Растафари жителите на ова мало градче кое е основано пред 70 години. Хаиле Ејусу Белај, вработен во локалната радио-станица на Шашаменја рече дека последните 20 години постојано се намалува бројот на Растафари жители на градот.
„Голем број на мигранти ја продадоа својата земја на локалното население. Дел од нив започнаа да живеат надвор од градот“, рече Белај, истакнувајќи дека во градот во моментов живеат околу 200 семејства.
Растафарите кои ни по која ценат не сакаат да се вратат во „Вавилон“, се надеваат дека владата ќе им даде државјанство.
- Го чекаат црниот месиа
Растафаријанското движење верува дека императорот Селаси е нивен месиа, кој во 1974 година е симнат од власта од страна на главниот командант Менгисту Хајле Маријам. Според судските документи, Императорот Селаси е убиен во 1975 година од страна на стражарите на Менгисту.
Растафарите веруваат во бесмртноста на Селаси, а како доказ дека е божји месиа ги наведуваат многуте атентати врз него од кои се спасувал жив.
- Верувањето во Растафаријанството е причина за смртта на Марли
Познатиот Боб Марли бил голем приврзаник на Растафаријанството и тој претставува многу значаен симбол за нив и е еден од изворите на гордоста за Растафарите.
Во средствата за јавен превоз, на работните места и во рестораните во Шашаменја можете да ги забележите постерите на Боб Марли и да ги чуете неговите песни. Низ целата земја можете да забележите нешта поврзани со Боб Марли и реге музиката. Во главниот град Адис Абеба поставен е џиновски споменик на Марли.
Познатиот Боб Марли се разболел од рак на кожата. Ракот бил дијагностициран на неговата нога. Тој не сакал да му ја исечат ногата, бидејќи според своето убедување, верувал дека е потребно во гробот да влезе во потполност. По напредувањето на болеста, Марли умира на своја 36 годишна возраст во 1981 година.
Пред смртта последните зборови на Марли на својот син Зиги биле: „Парите не можат да го купат животот“.