Admir Fazlagic
17 Мај 2019•Ажурирај: 17 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) - Претставничката на Северна Македонија, Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) обезбеди место во финалето на 64. издание на Евровизија, што се одржува во Тел Авив во Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај Северна Македонија, во финалето влегоа и Албанија, Холандија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.
На првото полуфинале, одржано во вторникот, за финале се изборија Грција, Србија, Белорусија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.
Директно во финалето одат домаќинот Израел, Германија, Италија, Франција и Шпанија.
Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота, на 18 мај, во Тел Авив.
Потсетуваме, последен пат, Северна Македонија имаше претставник во финалето на Евровизија пред седум години, кога настапи Калиопи со песната „Црно и бело“.