Специјален концерт во претседателскиот комплекс во Турција по повод 15. јули
Договорот за заедничка одбрана има за цел зајакнување на колективното одвраќање од сите форми на агресија се наведува во заедничката изјава на Турција, Саудиска Арабија и Пакистан
Специјален концерт во претседателскиот комплекс во Турција по повод 15. јули
Светски познатиот пијанист и композитор Фахир Атакоглу, заедно со претседателскиот симфониски оркестар и Државниот хор го изведе делото „Еп за 15. јули“
Mehmet Tosun
15 Јули 2020•Ажурирано: 15 Јули 2020
АНКАРА
Во Претседателскиот комплекс во Анкара се одржа специјален концерт по повод 4-годишнината на 15. јули - Ден на демократијата и националното единство на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
На концертот кој се одржа во претседателскиот комплекс во организација на Министерството за комуникации, светски познатиот пијанист и композитор Фахир Атакоглу за првпат го презентираше своето дело „Еп за 15. јули“ кој напиша во духот на Националната борба.
Композицијата, во која се забележни најважните моменти и местата во ноќта на обидот за пуч, се состои од деловите „Предавство, чест, Мармарис, постелка, повик, главен командант, куќа на нацијата, мост на хероите и бдеење на демократија“.
Атакоглу на концертот беше придружуван од претседателскиот Симфониски оркестар и Државниот хор на Генералниот директорат за уметност при Министерството за култура и туризам и познатиот суфи музички уметник Сами Савни Озер.