Ahmet Sait Akçay
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
КАЗАН (АА) - Првата копија на Куранoт на арапски јазик печатена во Јапонија, вчера беше предадена во музејот на Исламска цивилизација во Казан, главниот градот на Руската Република Татарстан, јавува Anadolu Agency (AA).
Марат Гибатинов, професор на татарстанската Академија за науки, кој преговараше за добивањето на Куранот, за АА изјави дека „500 копии од светата книга беа објавени во 1934 година од страна на татарските Турци, што им даде големо значење на Татарите во Јапонија".
Курбан Галиев (1892 1972), етнички Татар протеран од Јапонија во Манхуриа, беше сопственик на исламската печатница во Токио, која го издаде примерокот на Куранот.
Гибатинов рече дека најстарите примероци на Куранот испечатени во Токио се испратени во 33 земји, вклучувајќи ги Египет, Авганистан и Ирак, додавајќи дека „ова издание беше исто така претставено и на царот на Јапонија во тоа време, за да се пренесе пораката на исламот низ целата земја.
Стариот примерок на Куранот со кожен повез и позлатени рабови по реставрацијата ќе биде прикажан во Музејот на исламска цивилизација.