АНКАРА (AA) – Технологијата која многу бргу се развива и постојано нуди нешто ново, влијае и врз традиционалниот концепт на изгледот на музејот. Интерактивните апликации и проекти од виртуелната стварност на посетителите им нудат патување низ времето, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската компанија „Рео-Тек“ се занимава со дизајн и програмирање, коишто во делот на изложбите, образованието и истражувањето ги спојуваат со интерактивната технологија.Фирмата која нуди програми од виртуелната стварност што се приспособени за музеите и решенија за интерактивни изложби, до сега дизајнирала за околу 40 музеи.
Директорот на „Рео-Тек“ , Рефик Токсоз, изјави дека луѓето музеите обично ги посетуваат додека се ученици, а подоцна тоа не го прават.

Токсоз рече дека целта им е музеите да ги претворат во места кои луѓето почесто ќе ги посетуваат и дека поради тоа се одлучиле за технологии кои посебно ќе го привлечат вниманието на децата и младите.
Тој додаде дека со Научно-техничкиот истражувачки совет на Турција (TUBITAK) направиле проект чија цел беше да се зголеми застапеноста на новите технологии во музеологијата. Технологиите кои настанаа во текот на овој проект започнаа да се применуваат и пошироко.
- Патување по Средоземно Море позади кормилото на бродот -
Тој смета дека можностите на технологијата нудат нов пристап кон начините на традиционално дизајнирање на поставките во музеите.
„Ограничувањата во изложбениот простор можно е да се надминат преку технолошки пат. Физички е можно да се изложат само одреден број фотографии, додека на посетителите со користење екран или киоск достапни им се стотици фотографии. Можно е и интерактивно патување низ временските периоди, без оглед на темата. На пример, благодарејќи на тоа, можно е да се види промената до која во текот на низа години дојде во историјата на уметноста“, појасни Токсоз.
„Рео-Тек“ измисли и симулатор на брод наменет за Археолошкиот музеј во Аланија. Посетителите кои сакаат да го користат симулаторот, стојат со кормилото и по виртуелно море тргнуваат на патување низ историјата. Така имаат можност да се запознаат со многуте видови бродови кои пловеле во Аланија во минатото.

За Археолошкиот музеј во Корум развија симулатор на воено возило. Системот овозможува интерактивно движење со воено возило во Хатуси, престолнината на Хетитско Царство. Посетителите се качуваат на кочии и тргнуваат на патување низ времето. Имаат можност виртуелно да се движат низ улиците на градот и да ја видат флората и фауната својствена на тоа подрачје.
- Запознавање со Херкуловите задачи -
За Археолошкиот музеј во Анталија се направени две апликации кои даваат информации за античкиот театар Перге и 12. Херкулови задачи. Посетителите со користење на информациониот систем имаат прилика да добијат податоци за 16 предмети донесени од театарот. Предметите е можно да се видат во тридимензионална варијанта на која ѝ се пристапува преку екран на допир.
Извршувањето на Херкуловите задачи е планирано преку интерактивна книга. Сепак, посетителите не ги прелистуваат страниците и ги гледаат пасивно анимациите, туку учествуваат во извршување на задачите. Во согласност со тоа, осмислени се ликови кои ги претставуваат Херкул и митолошките ликови и животни на кои се наидува во текот на извршување на задачите. Ликовите осмислени во облик на античките цртежи од грчките вази, стануваат кукли со кои управува корисникот и така има можност сам да пишува приказна.
За Музејот Зеугма, кој се смета за најголем музеј на мозаици во светот, осмислен е интерактивен пристап до мозаици претставени на површина со димензии 6x4 метри. Дизајниран е систем низ кој посетителите имаат можност да видат пет мозаици со интерактивни тридимензионални предмети, а темите траат по една минута.
news_share_descriptionsubscription_contact


