Fatma Sevinç Çetin
15 Април 2026•Ажурирај: 15 Април 2026
Турција обезбеди враќање на мермерна глава од античкиот град Смирна, која се наоѓаше во Соединетите Американски Држави (САД), изјави денес турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, јавува Анадолу.
Во изјава споделена на турската социјална мрежа „НСосјал“, Ерсој наведе дека артефактот, кој претходно бил дел од колекцијата на Музејот на уметност во Денвер, е репатриран по научна верификација на неговото потекло.
Тој појасни дека извештаите од 1934 година и експертските анализи потврдиле дека артефактот потекнува од ископувањата на агората во античкиот град Смирна и датира од периодот на Теодосиј.
За мермерната глава, за која се верува дека датира од 5 век од н. е., Ерсој рече дека била изнесена во странство по илегален пат.
„Преку соработка и конструктивен дијалог со Музејот на уметност во Денвер, го вративме овој артефакт дома“, истакна тој.
„Мермерната глава сега е изложена во Археолошкиот музеј во Измир“, додаде министерот, заблагодарувајќи им се на тимовите од Генералниот директорат за културно наследство и музеи, како и на сите вклучени во процесот.
„Со одлучност ќе продолжиме да го штитиме нашето културно наследство“, порача Ерсој.