Sezgin Pancar
12 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
МЕРСИН (АА) - „Турција е богата земја со својот народ. Вистинското богатство на земјата е нејзиниот народ. Турскиот народ е многу продуктивен“, истакна порториканскиот пејач, композитор и виртуоз на гитара со оштетен вид, Хозе Фелициано, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на 2. Меѓународен фестивал на уметноста за лица со попреченост во Мерсин, Фелициано (73) на прес-конференцијата одржана во Културниот центар „Ататурк“ одговараше на новинарски прашања.
Фелициано, изразувајќи го задоволството што учествува на Фестивалот, истакна дека е многу возбуден поради тоа што ќе одржи концерт.
„Себеси се сметам за малку поразличен од другите учесници на Фестивалот, бидејќи јас не се чувствувам како лице со попреченост. Мислам дека главната попреченост е во тоа како народот Ве гледа Вас.“
И ние, исто така, имаме чувства и страст како и другите луѓе. Мислам дека перцепцијата на општеството кон нас е погрешно. Од тој аспект јас си се лоцирам на различно место“, истакна Фелициано.
На новинарско прашање дали концертите што ги одржа во Турција влијаеја да учествува на овој фестивал, Фелициано одговори:
„Да, делумно влијаеја. На секое доаѓање до ден-денес чувствувам големо задоволство. Турција денес се соочува со некои економски проблеми. Верувам дека еден ден тоа ќе го надмине, затоа што богатството на Турција е во нејзиниот народ. Вистинското богатство на земјата е нејзиниот народ. Турскиот народ е многу продуктивен.“